Samsung повторно бара забрана за продажба на iPhone 4S

popara24 октомври, 20111min00
0378007.42

Jужнокоресјкиот Samsung бара заради кршење на нивното патентно право, во Јапонија и Австралија, да се забрани продажбата на новиот производ на Apple, iPhone 4S.

Се поголемата правна битка помеѓу двата најголеми производите на смарт телефони и таблет компјутери, Apple и Samsung дополнително е заоштрена со судските барања на Samsung за забрана на продажба на iPhone 4S во Јапонија и Австралија, пишува Bloomberg.

Јужнокорејскиот Samsung тврди дека Apple продолжува да ги крши нивните патентни права и да ги користи нивните техологии и со поради тоа во Јапонија бараат и забрана за продажба на iPad 2, како и претходните генерации на iPhone 4. Појаснуваат дека производите на Apple ги кршат нивните патентни права во безличната комуникациска технологија и во технологијата поврзана со корисничките начела.

Правниот конфликт помеѓу двата ривала започна во април кога Apple тврдеше дека Galaxy уредите од Samsung, се копија на iPad и iPhone.

Австралискиот суд минатата недела ја забрани продажбата на Samsung Galaxy Tab 10.1, а Samsung во Италија и Франција побара судска забрана за продажба на новиот iPhone 4S само еден ден откако беше претставен.

„Правната битка трае подолго и поскапа е од она што на почетокот се очекуваше”, изјави Џејмс Сонг, аналитичар во Daewoo Securities, и додаде дека таквата правна сапуница не е добра за ниедна од компаниите.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag