Накитот во тиркизна боја е постојано актуелен: Може да го носите секоја сезона, во елегантен или опуштен стил, во модерна или ретро комбинација.
Тиркизниот накит се здоби со популарност уште пред неколку сезони, но сеуште е актуелен вп модниот свет. Карактеристичните нијанси допринесуваат ваквиот накит да дојде до израз во секоја комбинација, било да станува збор за денска поопуштена облека, или пак вечерна гламурозна тоалета.
Тиркизот е симбол на среќа и благосостојба, а старите Грци верувале дека носењето тиркиз ја привлекува љубовта во нашиот живот. Затоа многу млади принцези и угледни дами носеле тиркизен накит и се надевале дека ќе ја пронајдат вистинската љубов.
Кога станува збор за оваа сезона, во тренд е накит со неправилна форма, било да станува збор за прстен, нараквица или обетки. Одберете го вашето омилено парче накит во тиркизна нијанса, бидејќи така ќе може да го искомбинирате во неколку варијанти.