Актерот Чарли Шин стана вистински претприемач.
Всушност, Чарли почнал да се богати со продавање на маски и костими со неговиот лик, кои ги продава по повод Ноќта на вештерките.
Чарли влегол во проект со ланец на стоковни куќи кои ги продаваат костимите и маските со неговиот лик. Една маска на Чарли Шин изнесува 15 долари.
Според некои клиенти, маските се “жешка стока“, а во некои продавници веќе се распродадени.
Неодамна, Чарли на својот Твитер профил објавил слика каде во раката држи своја маска, и напишал дека ќе ја носи за Ноќта на вештерките.