Балканските ѕвезди им рекоа “аdios” на силиконите и “welcome” на хијалуронот:))

popara26 октомври, 20111min00
dan

Пластична хирургија меѓу балканските ѕвезди во последно време има сосема поинакво значење. Силиконот замина во историјата, а сега гордите сопственици на исполнети усни  дури и јавно го истакнуваат своето задоволство со новиот изглед. Без разлика дали признаваат или не, Данијела Мартиновиќ, Маја Шупут, Даниела Трбовиќ и Јелена Розга во најновите изданија навистина изгледаат прекрасно, а за тоа во поголемиот број на случаи заслужни се инјекциите со хијалуронска киселина. Се разбира, ножот се уште е во мода, а за тоа најдобар пример е Еција Ојданиќ, која навистина изгледа прекрасно откако направи корекција на носот.

 

Силиконите паднаа во заборав

– За некои работи инјекциите не се од помош. Тие можат да покријат некоја лузна и да поплнат некои неправилности на лицето, но доколку сакаме да корегираме нос, тоа не можеме да го направиме со инјекции, бидејќи тука станува збор за посложен зафат каде мора да употребиме нож. Добар пример за тоа е Бланка Влашиќ, изјавил козметичкиот хирург Синиша Глумичиќ.

Но да се навратиме на популарните “полнила”. Ваквиот третман, вели доктор Никола Милојевиќ, кој во Лондон го нарекуваат “Кралот на ботоксот”, е речиси исто како да одите во козметички салон.
Нема повеќе стигма на огромни силиконски усни кои со времето се повеќе стануваат неприродни и неправилни што се должи на фактот дека природните усни со текот на времето ја губат својата еластичност, додека тврдиот силикон останува ист.

 

Модерни третмани

Во пракса користам само дермални филери на хијалуронска киселина, која веќе постои во кожата и е одговорна за нејзина хидратација. Хијалуронот се става во образите, под очите, на јагодиците на рацете или за отстранување на лузни. Ефектот на таква постапка трае од шест до 12 месеци, објаснил д-р Никола Милојевиќ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag