Еден англичанец неможел да ја поднесе разделбата од својата девојка, па сакал некако да и се освети. Се напил антифриз, се забил со автомобилот во нејзината куќа и направил огромна штета. За среќа девојката не била повредена.
Едмунд Брутон (42) од Вембли испил шише антифриз, а потоа решил да се забие со автомобилот во куќата на неговата бивша девојка Тара, со цел да се убие себеси. Но, тој преживеал, осуден е на седум и пол години затвор, а возачката дозвола му е доживотно одземена.
Автомобилот ја сршил оградата, скршил прозорците и завршил во дневната соба на девојката, штетата е проценета на 62.000 фунти. Едмунд и Тара заедно биле шест месеци.