Намирници во служба на убавината

27 октомври, 20110
Vibrant Produce

Студеното време, смогот, сонцето и ветрот секојдневно ја сушат вашата кожа. Без адекватна нега и урамнотежена исхрана, кожата станува сува, испукана и сивкаста. За да имате убава и здрава кожа и блескав тен без оглед на временските услови, ви треба храна богата со витамин Б, А, Ц и Е, како и омега 3 и 6 масни киселини и пробиотици. Овие состојки играат важна улога во заштита на кожата од негативните надворешни ефекти.

Витамини од Б групата: важни се бидејќи ги стимулираат метаболичките процеси, синтезата и обновата на колагенот и еластинот. Најмногу го има во житариците, месото, јајцата и пивскиот квасец.

Есенцијални масни киселини: Масните киселини омега 3 и 6 ја спречуваат дехидратација  и помагаат во одржување на влага и еластичност. Ќе ги најдете во маслото за јадење, маслинки, ореви, соја и семе од репка, во риба (сардини, туна и харинга), овошје како што се на бадем, орев и лешник, како и авокадо.

Витамин Ц: Игра важна улога во производството на колаген, го забрзува лекувањето на лузни.  Витамин Ц има најмногу на свежо овошје и зеленчук, особено во цитрусни овошја, но исто така и во зелка, пиперки и магдонос.

Витамин А: ја одржува еластичноста на кожата, и нуди заштита од штетното зрачење. Овој витамин го има најмногу во црниот дроб, јајца, путер и млечни производи. Еден облик на овој витамин, бета-каротин и ретинол, ќе го најдете во црвеното и портокаловото овошје и зеленчук како морков, домати пиперки …

Витамин Е: е најмоќен антиоксиданс, и го штити телото од слободните радикали и ја штити кожата од брчки. Ќе го најдете во житариците, јаткастите плодови и овошјето.

Селен: овој минерал игра важна улога во борбата против стареењето и ја стимулира елиминација на токсините од телото. Ќе го најдете во морската храна и јајцата.

Цинк: тој е силен антиоксиданс и е природен лек за проблемите на кожата, а најмногу се користи за лекување лузни. Најмногу го има во школки, риби и житарици.

Пробиотици: тие ја регулираат цревната флора и помагаат да се зајакне имунитетот. Тие се наоѓаат во јогуртот, ферментираните млечни производи и киселата зелка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *