Мишел Обама во април 2012 ќе издаде “Готвач” под името, “American grown”, инспирирана од одгледувањето зеленчук во дворот на Белата куќа. Готвачот ќе биде комбинација од совети за градинарство и рецепти на првата дама.
Во дворот на Белата куќа, која била претворена во градина, работеле и двете ќерки на Мишел, Саша и Малија, без разлика дали тоа им се допаѓа или не. Мишел во градината имала засадено околу 55 видови на зеленчук.
Според изјавите на издавачот, Мишел со овој Готвач сака да се обиде да ги привлече луѓето сами да одгледуваат здрава храна. Во куварот ќе се најдат и приватни анегдоти и фотографии.
Добивката од продажба на овој Готвач ќе бидат донирани во добротворни цели.
Рецептите се уште не се појавиле на интернет, но се знае да ќе бидат базирани на зеленчук, а оброците ќе бидат со здрава и природна храна.
Интересно е да се напомене дека Мишел Обама е првата дама после Елинор Рузвелт која засадила зеленчук во градината во Белата куќа.