Кога ќе ја погледнете тиквата која ја одгледал Џоел Џарвис од Ст. Томас, ќе помислите дека станува збор за фотомонтажа. Тиквата влезе во Гинисовата книга на рекорди, како најголемата тиква на светот.
Станува збор за тиква која е тешка неверојатни 674,3 килограми, која го собори претходниот рекорд од 560 килограми. Џарвис ја претставил тиквата на Порт Елгин Пампкинфест, натпревар на најголеми зеленчуци.
Освен славата, Џарвис заработил и „добри пари“ за овој огромен плод. Семките од неговата тиква се продавале за неверојатни 40 долари по семка. Тој вели дека неговата тиква не е генетски модифицирана, туку дека е производ на различни ѓубрива и многу грижа и љубов во одгледувањето.