Тројца членови на полската елитна анти-терористичка единица ќе бидат отпуштени од работа, бидејќи работеле како чувари на Парис Хилтон за време на нејзината неодамнешна посета на Полска.
Доколку командосите сами не си одат од единицата до крајот на неделата, тогаш ќе бидат отпуштени по дисциплинска постапка, изјавил полициски службеник.
Членовите на анти-терористичките единици често ги покриваат своите лица за време на акциите и мораат да добијат дозвола за работа надвор од матичната служба.
Поточно се работи за тројца командоси, кои се гледаат на многу фотографии додека ја обезбедуваат убавата наследничка на хотелите “Хилтон”.
Во извештаите се наведува дека со себе носеле и службени пиштоли додека ја чувале гостинката која била во посета на Катовице, јужна Полска.