Позирајќи за модната куќа “Dolce & Gabbana” Моника Белучи, му покажала на целиот свет, дека иако е во средни години, се уште изгледа крајно привлечно и пожелно.
Во текот на снимањето Моника променила неколку комбинации на облека. Во суштина сите биле со црна боја, без оглед дали станува збор за фустан или тоалета, додека усните и биле нагласени со црвен кармин.
Белучи во последно време имала неколку холивудски проекти. Заедно со Рејчел Вајс глумела во филмот “The Whisteblower”, а со Николас Кејџ глумела во “The Sorcerer’s Apprentice.”
“That Summer” е последниот филм во кој Моника се соблекла пред камерите набргу по раѓањето на нејзиното дете.
Жените се плашат од своето тело во средните години. Поминува убавината на младоста, но потоа доаѓа друг вид на убавина. Голотијата во овој филм е многу романтична и многу елегантна, изјавила актерката.