Лосови во дворот на еден швеѓанец прво се задоволувале со јадење јаболки, но потоа брзо почнале да се задоволуваат едни со други.
Два мажјаци и една женка се препуштила на страстите. Швеѓанецот се шокирал кога видел дека во неговиот двор како лосовите се сексаат во тројка.
„Излегов надвор да земам свеж воздух. Лосовите јадеа јаболки, а потоа наеднап заземаа пози“, изјавил швеѓанецот Питер Лундгрен.
Питер признал дека никогаш во животот не видел ништо вакво, веднаш истрчал го земал апаратот за да направи неколку фотографии.
„Знам дека живеат во околната шума, затоа често ги гледаме, но веројатно и таму се парат“, додал Питер.
Тој објаснил дека „групниот секс“ кај овие животни е нормално бидејќи постојано повеќе мажјаци се борат за една женка. Оној кој ќе победи ќе се пари со женката, другите останува да гледаат или некако ако можат да се приклучат, како што било во овој случај.