Екс девојката на Клуни и нејзиниот дечко биле исфрлени од такси:) Е де не се први..:)))
Поранешната девојка на Џорџ Клуни во моментов престојува во Берлин заедно со нејзиното момче, актерот Мехад Брукс (31) со кого е во љубовна врска неколку недели. Моделот и ТВ водителка Елизабета Каналис (33) во Берлин пристигнала за да му обезбеди поддршка нејзиниот пријател и дизајнер Роберто Кавали, на кого ќе му биде доделена награда за човек на годината на German GQ Awards.
Откако одлучила да го разгледа градот во друштво на Брукс, портирот на хотелот го замолил еден човек кој само што седнал во такси возило, да им го остапи местото на убавата италијанка и нејзиниот дечко. Откако непознатиот маж излегол од возилото, парот седнал во таксито, но возачот на автмомобилот им рекол да го напуштат возилото. Елизабета заедно со нејзиното момче го напуштила таксито и заминала со насмевка на лицето.