Внимание жени: Како да го задржите вашиот партнер???
![Seks-wanita](https://popara.mk/wp-content/uploads/2011/10/Seks-wanita-610x269.jpg)
Иако на почетокот на врската се ви се чини ново и незаборавно, со тек на време страста спласнува, па со тоа доаѓа и досадата. За да го задржат својот партнер, многу е важно жените да вложат труд за да ја направат врската интересна. Еве неколку совети кои ќе ви помогнат да го „зачините“ љубовниот живот:
Возбудете го веднаш кога ќе дојде дома: Потрудете се да изгледате и да се чувствувате секси, па скокнете му на партнерот веднаш штом ќе дојде дома. Покажете му дека го посакувате и заведете го тогаш кога најмалку очекува.
Секси СМС: Секоја жена најдобро знае што го пали нејзиниот партнер. Напишете му СМС порака во која ќе му објасните што ќе му правите кога тој ќе дојде дома.
Намачкајте се со чоколаден прелив: Намачкајте се со чоколаден прелив на некои „стратешки места“, па дозволете му да ве лиже.
Пратете му секси фотографија: Испратете му секси слика од вас на која сте во секси долна облека и позирате како вистинска заводничка.
Секси костим: Изберете некој секси костим, како на пример докторка, секретарка или ученичка, и остварете му ја фантазијата преку глума.
Придружете му се под туш: Оставете го сам неколку минути под туш и потоа придружете му се и уживајте во незаборавен секс.