5-те најскапи автомобили на светот ? Ќе ве заболи глава од цениве

popara29 октомври, 20112min00
1957_Ferrari_250_Testa_Rossa

Ако им веруваме на листите на најскапи автомобили, олд-тајмерите станаа мерило за вредност, со тоа што највеќе се на цена тркачките. Меѓу наводните пет најскапи автомобили нема ниеден понов модел.

Во време кога е тешко да се соберете неколку стотки(евра) за Југо,  некои фрлаат милиони за автомобил. Погледнете ја следната листа кајшто ќе видите цени од кои стварно може да ве заболи глава.

 

Ferrari 330 TRI/LM Testa Rossa 1962. Цена: околу 6.5 милиони ЕУР

Едно време овој автомобил го држеше рекордот како најскап автомобил продаден на аукција. Смени сопственик во 2007, а купувачот и продавачот останаа анонимни. Веројатно на следната аукција ќе достигне уште поголема цена. Станува збор инаку за а уникатен тркачки Ferrari, последен таков со мотор на предната страна. Овој автомобил бил победник на трката 24 часа Ле Ман во 1962 година.

 

Bugatti Type 41 Royale 1931. Цена : околу 6.9 милиони ЕУР

Ројалот е навистина кралски автомобил, синоним за врвната изработка на автомобили. Овој автомобил е еден од само шест примероци, а во овој случај е со каросерија од компанијата Kellner. Бил во сопственост на фамилијата Bugatti до 1950 год кога му го отстапиле на Бригс Кунингам за нов ладилник и нешто ситно пари. Денес е во сопственост на анонимен Јапонец.

 

Ferrari 250 GT SWB California Spider 1961. Цена: околу 7.7 милиони ЕУР

Ferrari 250 GT е еден од најубавите автомобили некогаш произведен. Произведен е во доба кога каросеристите биле важен дел од автомобилската сцена(особено во Италија). Овој автомобил од со својот V12 мотор со 2953 кубици развива 280 KС.

 

Ferrari 250 Testa Rossa 1957. Цена: околу 8.9 милиони ЕУР

Оваа Testa Rossa е еден од само 34 модели кои заедно ги произведувале каросеристот Scagletti и Ferrari во периодот од 1957 до 1958 година. Тие тркачки модели оствариле десетици победи во автомобилските трки ширум светот. Овој автомобил е продаден во Маранело(Италија), а неговото тркачко педигре бележи и триумф на 1000 километарската трка Буенос Аирес.

 

Bugatti 57 SC Atlantic 1936. Цена: помеѓу 21 и 28 милиони ЕУР

Овој автомобил вреди, отприлика, колку и некоја од подобрите вили во Холивуд. Продаден е неодамна во тајност, со директна спогодба помеѓу продавачот и купецот, без аукција. Необичен и уникатен облик на каросеријата е дело на тогаш дваесетгодишниот син на Bugatti, Jean, кој на почетокот на триесетите формално ја превземал компанијата. Ова е еден од само двата примерока кои се во оригиналната состојба.

 

 

 

 

 

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma