Џони Деп изјавил дека почнал многу да пие, бидејќи го мразел фактот дека е тинејџерски идол. Славниот глумец изјавил дека откако се прославил секоја ноќ пиел до бесвест како би можел да се носи со славата. “Во контакт со многу луѓе бев нервозен и не се чувствував удобно. Единствен начин на кој би можел да прејдам преку тоа е да се опијам. Потрошив многу години на тоа”, кажал Деп, додавајќи дека неговиот живот се променил откако за запознал Ванеса Паради, со која е веќе 14 години и го имаат 9 годишниот син, Џек и 12-годишната ќерка Лили Роуз. Што се однесува до алкохолот, актерот изјавил дека го намалил на минимум и се се сведува само на неколку чаши вино пред вечера заедно со неговата љибов: “Чаша или две вино пред вечера, гледањето на залезот на сонцето и децата како си играат во близина. Тоа е совршенството.”