Поп пејачката Наташа Беквалац и Вељко Ражњатовиќ, синот на познатата српска ѕвезда Цеца Ражњатовиќ, викендот се дружеле и веселеле во престижниот клуб “Магацин”.
Вељко во провод излегол со своето друштво, а во сепарето до него седела Натка која се веселела и уживала во домашните и странски хитови. Новосадската барбика, веднаш била послужена со шампањ од страна на клубот, но исто така покажала и дека има голем порок, а тоа се цигарите. Цела вечер не ги испуштала од рака. Ден по забавата Вељко со својата сестра Анастасија отпатувал за Кипар, каде што ќе го продолжи своето образование.