Оваа есен на модните писти доминираат панталоните во силни и светли бои, со кои едноставно не можете да направите грешка. Најпромовирани се тесните пантолони, кои се одлични во комбинација со туника, кожна јакна или кошула.
Оваа сезона панталони се во целосна доминација на модните писти. Дизајнерите овојпат ставаат акцент на кројот на самите панталони, како и на боите, кои се најчесто светли и силни, што не е карактеристично за есен.
Предноста на овие креации е фактот дека може да се комбинираат со скоро секој стил . Најпопуларни се панталоните во сина, црвена, розова, портокалова и зелена,боја.
За денски кежуал изглед искомбинирајте ги со плетена туника во неутрална боја, додека за вечерните излегувања одберете тесни панталони со силна боја во комбинација со кошула и интересни модни додатоци. Што се однесува до боите, овој вид на пантолони може да се комбинира буквално со секаков вид на дезени, од шарени принтови и вез, до едноставни и неупадливи бои.