Во времето кога се приредуваат различни забави пред Ноќта на вештерките, голем број на познати ѕвезди, се натпреваруваат кој ќе има пооригинална маска. Хајди Клум креативно се потрудила и пристигнала на својата традиционална “Heidi Klum Halloween забава” во едено многу интересено издание. Наместо да облече некој секси костум на вампир или вештерка, убавата манекенка ги шокирала присутните кога се појавила во костум од човечко тело без кожа. За да изгледа пореално во устата ставила навлака, така што забите изгледале како да и се распаднати. Во склоп со оргиналниот костум, Хајди облекла и чизми со високи потпетици во стилот на Лејди Гага, а покрај нејзе стоеле двајца доктори кои ја легнале на медицинскиот кревет и и ја покриле главата.
“Сите вени и мојата крв ќе бидат видливи. Нема да се чувствувам како гола, бидејќи сè ќе биде многу шарено”, напишала Хајди на својот Твитер профил пред забавата.