Пред три години компанијата за истражување на пазарот, Forrecester, истакна дека 95% од деловните корисници во светот користат Windows. Меѓутоа, веќе не е така.
„IT оделите бараат стандардизација, a Mac носи премногу проблеми во IT оделите”, беше напишано во тогашниот извештај на Forrester Research. Со други зборови, требаше да заборавите на Mac кога станува збор за бизнис.
Времињата се менуваат и ова веќе не важи. Во извештајот кој на страниците на Forrester Research го препорачува аналитичарот Дејвид К. Џонсон, стои дека IT оделите треба и службено да ги подржат Mac компјутери, бидејќи најдобрите вработени на компаниите ги преферираат тие компјутери и со нив ги носат на работа.
Како што пишува Fortune, Џонсон корисниците на Mac ги нарекол „фраери” и „херои” во организацијата, и додал дека тие ги мразат PC на Windows бидејќи ги успоруваат и изгледаат ефтино. „Застанете им на патот”, предупредил IT одделот, „и ќе бидете прегазени”.
Во извештајот исто така се наведуваат некои податоци и анегдоти кој Microsoft и неговите партнери би можеле да ги направат нервозни.
Прв од нив е дека користењето на Mac e во пораст. Дури 22% од организациите се очекува почесто да го користат Mac (овде не се вбројува користењето на iPad), и тоа користење да се зголемува и во наредните 12 месеци. Само 3% од нив очекуваат намалување. Истражувањето се темели на 590 IT одели во САД и Европа.
Компаниите обично не се спремни да дадат повеќе пари за Mac, но вработените се. Имено, IT оделите обично не купуваат Mac компјутери, меѓутоа вработените на повисоките позиции кои на работа ги носат своите компјутери често одбираат Mac. „Постои силна врска помеѓу повисоките корпоративни платеници и бројот на Mac компјутери кои вработените ги купиле и донеле во канцеларијата”.
Овие вработени обично се побогати, но и попродуктивни. Forrester наведува дека типичниот корисник на Mac се вклопува во сегметнот наречен power laptop, корисници кои просечно работат по 45 саати дневно, а остваруваат 44% поголема заработка од просекот. „Поголемиот дел Маc компјутери денес во канцелариите ги носат раководители, топ-менаџери и други воркохолици.”
Џонсон вели дека ова е тек прв извештај, чија цел е на IT оделите ширум светот да им ја претстави новата генерација деловни корисници на Mac.