Џони Деп: Денес сите се исти, нема индивидуалци!

1 ноември, 20110
johnny_depp_rayban_wayfarer

Џони Деп сериозно го сфатил фактот дека е пример за многу млади луѓе. Актерот во едно неодамнешно интервју, изјавил дека како дете многу често се селел и ги менувал училиштата, а поради тоа често бил задеван од неговите врсници. Денес тој им помага на децата кои се во слична ситуација. Среќен е што со неговата слава може да им помогне на неколку мали поединци да ја прифатат својата посебност.
“Се сеќавам дека еднаш ми пријде едно 12 годишно девојче, и им заблагодари што моите очила ги направив толку популарни. Кој знае низ каков мајтап поминало девојчето од страна на нејзините врсници, навистина тоа ми значеше многу”, рекол Џони. “Ако некого го малтретираат, ако се чувствува поинаков, а јас можам на некој начин да му помогнам, тоа ме прави многу среќен”, додал згодниот актер. “Јас сум обесхрабрен овие денови кога че видам дека сите се исти. Се помалку можеме да видиме и да сретнеме вистински индивидуалци. Јас не го разбирам тој чуден менталитет”, изјавил Џони Деп.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Korsan taksi - betasus giriş