Тамара Еклстон: “Ранлива сум како и сите други девојки” :((

popara1 ноември, 20111min00
Tamara-Ecclestone-Mega-Cleavage-In-Mayfair-04

Иако e свеснa дека e мета на бројните коментари, особено во ова време на финансиска криза, Тамара признава дека сака луксуз, но објаснува дека таа има некои многу тешки денови, како и останатите луѓе.

Ќерката на Берни Еклстоун (81), Тамара (27), секојдневно ужива во голем луксуз, но тврди дека таа е ранлива како и секоја друга девојка. И покрај тоа што прифатила дека е главна мета на нападите во време на финансиската криза, овој пат таа одлучи да ги нападне оние кои ја опишуваат како “чудовиште”.

“Наивна сум, импулсивна и понекогаш не размислувам како што треба, но ми пречи што луѓето ме гледаат мене како чудовиште, како да немам емоции, а и мене ми се случувале лоши работи. Ранлива сум како и секоја друга девојка во светот. Имам добри денови и лоши денови, расправии со мојот дечко” – рече Тамара, додавајќи дека таа признава дека не мора да се грижи за сметките за електрична енергија, но понекогаш тоа е многу тешко за неа од аспект на тоа што многу луѓе сакаат да бидат пријатели со неа од погрешни причини.

Оваа недела започнува да се прикажува нејзиното реално шоу ‘Billion $$ Girl’.

“Тоа го правам заради малку забава. Мајка ми прво мислеше дека не сум нормална што сум се согласила за снимањето на тоа шоу – изјави Тамара која не крие дека го сака луксузот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag