Неколку парчиња од долната облека кои припаѓале на британската кралица Викторија наскоро ќе се најдат на аукција во Единбург.
Колекцијата, која вклучува стотици кралски предмети, вклучувајќи и мебел и слики, на лицитација ги има ставено американско семејство и познатата издавачка династија Форбс.
Аукциската куќа „Лајон И Тарнбул“, проценила дека колекцијата вреди двеа милиони фунти.
Меѓу најинтересните предмети се кралските гаќи од бела свила вредни околу 3000 фунти, како и црно бели чорапи кои ги носела кралицата Викторија, а би можеле да се продадат од 300 до 500 фунти.