Бесни фановите на Metallica во Индија, концертот откажан :(

1 ноември, 20110
Metallica-Live

Фановите на американскиот метал бенд Metallica побеснале во петокот по откажувањето на концертот на бендот во индискиот град Гурагону и направиле вистински хаос на сцената. Тоа требаше да биде првиот концерт на групата во Индија.

Малку време пред концертот на групата, некои од најжестоките фанови пробиле низ безбедносната барикада пред сцената, која е причината зошто беше одлучено да се оди со концертот следниот ден. Веднаш по отворањето на портите посетителите навалиле на просторот пред сцената и барикадата попуштила.

Некои од најбесните “металци” се качиле на сцената и уништиле некои од инструментите и други звучни уреди, кој веќе биле поставени.

По најавата дека е концертот одложен за сабота, околу 25.000 луѓе, кои дошле од цела Индија се разочарале. Концертот во саботата не се одржал поради недостиг на дозвола, па промотерската куќа “DNA networks”, мораше да враќа пари од билетите.

За да бидат работите уште полоши, четирите локалните организатори се уапсени за измама, бидејќи тие продале повеќе билети отколку што бил максималниот број на посетители кои можат да се сместат во зградата во која требало да биде концертот.

http://www.youtube.com/watch?v=ZoTeiKkT1mE&feature=player_embedded

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *