Потресна приказна на Слаѓана П., чиј што сопруг физички ја злоупотребувал со години, ја навредувал и понижувал: Избегав боса, целата облеана во крв, со дете во раце.
Ме тепаше и силуваше додека бев бремена. Ме навредуваше, ми се закануваше, ме бркаше од дома заедно со детето. Но, секогаш се враќав назад. Се до ноќта кога беше пијан и ме удри по глава со метална шипка. Крв се слеваше по мене, а тоа го престраши нашето дете. Во раката му остана прамен од мојата коса. Сега сум во “Сигурна куќа“, сега сум безбедна, но не го гледам крајот на моето тешко искушение.
Слаѓана П. (25 години), од село во близина на Шабац, пред помалку од шест месеци успеа да собере храброст и да избега од насилниот сопруг. Излезе на улица боса, со шестгодишно дете во пижами. На полноќ, на селскиот пат застана еден автомобил. Од страв дека неговиот сосед може да му пререче дека помогнал, возачот само продолжил. По два часа пешачење стигнала во болница. Лекарите дијагностицирале мал потрес на мозокот и контузија на белодробното ткиво, тешки модрици и скршени коски на левата рака.
Иако жртвите ретко зборуваат за нивните тешки искушенија, Слаѓана сепак се согласи на тоа, со цел да ги охрабри останатите жени кои можеби ја делат истата или слична субдина:
– Чудовиштето! Со години додека беше пијан ме малтретираше, ми се закануваше, ме тепаше, гасеше цигарите врз мене, ме тераше на блуд… А кога ќе се отрезнеше, ме молеше да му простам, да не го напуштам. Доколку со ова и помогнам на една жена, моето страдање ќе има значење. Колку повеќе се молчи, толку повеќе насилниците земаат сила. Навистина ми е тешко, не знам каде животот ќе ме одведе, но знам дека кај него нема да се вратам. Никогаш!
Се омажила млада, на неполни 18 години ниту средно училиште нема завршено. Тој беше вистинска “можност” за мене. Неговите родители имаат неколку хектари земјиште, а тој е единствен син. Прв пат ме удри во шестиот месец од бременоста.
– Тој дојде премногу доцна. Ја тресна вратата. Започна да викна и да ме навредува. Ми удри шамар, бидејќи тој ден зборував со еден сосед. Бев шокирана. Плачев цела ноќ. Наредниот ден, започна да ми се извинува. Вториот пат ме удри во потколеницата, додека детето беше во лулка. Од тогаш, секој месец ме тепаше барем по еднаш. И секој пат ми ветуваше: “Никогаш повеќе!”
Неговата патолошка љубомора растеше, стануваше се побесен и постојано беше пијан. Тој се претвараше во ѕвер. Ме присилуваше на секс, ме врзуваше, ме полеваше со ладна вода…
– Моите се сиромашни, но чесни луѓе. Тие живеат во едно соседно село. Мајка ми слушнала дека ме тепа, но јас не признавав. Ми беше страв од осудата на мојот татко, од страдањата на мојата мајка, од озборувањата во селото. Неговата мајка ме праша: “Зошто не го оставиш?”
Во “Сигурната куќа“во моментов е со уште 48 жени и деца, жртви на семејно насилство, Слаѓана доби свој дом, нега, поддршка и мир. Но, нејзините шест месеци, како песочен часовник поминуваат и како сите останати жени жртви на насилство, не знае каде понатаму. Нема куќа, пари и бизнис. Постапката за развод е во тек.
– Ми требаше многу сила и храброст за да се соочам со мојата ситуација, да сфатат дека јас сум практично на улица, со дете, без ништо – вели Слаѓана. – Сите ми повторуваа: Остави го насилникот и започни го својот пат, својот нов живот. Но, како без работа, без покрив над главата?
Многу жени, за жал, немаат ниту сила ниту избор па на крајот се враќаат назад на прагот на насилникот. Некои веруваат дека ќе им биде подобро, другите се обесхрабрени бидејќи немаат каде да се обратат за да добијат долгорочна помош. Всушност се наоѓаат во еден затворен лавиринт од кој немаат излез.