Во Пекинг се одржа модната недела на која беа прикажани колекции за престојната сезона Пролет/Лето 2012 година. Од ревиите најголемо внимание привлече онаа на NeTiger, на која доминираа креации инспирирани од традиционалната кинеска облека.
Било да станува збор за долна облека, костими за капење или фустани, сите модни парчиња беа „допрени“ од кинеската култура и традиционалните кинески дезени.
На модната недела, која траеше 10 дена, беа прикажани 44 модни ревии на повеќе од 200 кинески, но и светски модни брендови. Погледнете ги најдобрите парчиња, кои модните критичари ги оценија со највисоки оценки: