„Ayada Maldives“ е сосема нов ресорт, кој предизвикува стравопочит и инспирација. Комплексот се состои од 112 супер лукзузни вили на површина од 150.000 квадратни метри на островот „Maguhdhuvaa“. Уште во моментот кога за прв пат ќе го здогледате местово ќе бидете маѓепсани од белиот „пудра“ песок, луксузот, квалитетот и уникатниот стил како и безпрекорна услуга. Ќе бидете импресирани од седумте ресторани што нудат првокласна светска кујна, баровите и кафулињата или пак Спа центарот на површина од 3500 квадратни метри, понатаму детскиот клуб, нуркањето и низа спортови на вода.
Вашиот одмор во Ayada ресорт ќе биде незаборавно искуство и ќе ве натера да заборавите на сите ваши грижи додека се наоѓате таму, погледнете и ќе знаете зошто!