
Поранешниот сопруг на Нина Мориќ (35) потврди дека заедно со неговата девојка Белен Родригез (27) очекуваат бебе. ТВ презентерката би требало да се породи кон крајот на јуни или почетокот на јули следната година, пишуваат италијанските таблоиди.
Аргентинката изјавила дека со нетрпение чека да има семејство и дете со Корона, за кого вели дека е љубовта на нејзиниот живот. Фактот дека се судени еден за друг зборувал и Фабрицио Корона за време на неговиот развод со Нина Мориќ.
– Сега конечно можам да бидам со жената на мојот живот и да го оставам минатото зад себе – рекол Фабрицио Корона (37).
Кога Нина дознала дека Корона ја изневерува со убавата аргентинака, таа имала обид за самоубиство, при што испила 20 апчиња за спиење и завршила во болница. Нина во една прилика изјавила дека нејзиниот поранешен сопруг би требало да плаќа алиментација за нивниот син Карлос (9), наместо да ја води Белен по разни вечери, на што убавата аргентинка одговорила дека е промискуитетна.
