
Сите ние знаеме како се приготвува шопска салата, но ви претставуваме еден малку поразличен рецепт со поинаков начин на сервирање кој сигурно ќе ги воодушеви вашите гости.
Потребни состојки:
- 2 домати
- 1 краставица
- 1 главива кромид
- 1 лажичка оригано
- Сол
- Масло за јадење
- 3 гранчиња целер
- Ливчиња нане
Припрема:
Исецкајте ги доматите и краставицата на коцки. Кромидот исецкајте го на ленти. Измешајте го зеленчукот во голем сад, па наросете сол и додадете го ориганото.
Шопската салата поделете ја во 6 чаши па чашите превртете ги на тава на која претходно сте ставиле алуминиумска фолија. Тавата ставете а во замрзнувач 15тина минути се додека салатата не се стегне.
Извадете ги чашите од замрзивач и полека отстранете ги, откако претходно сте ја отстраниле алуминумската фолија и сте ги превртеле на чинија за сервирање. Врз секој куп шопска салата ставете по едно гранче целер и ливчиња од нане. Чинијата за сервирање попрскајте ја со маслиново масло и украсете ја со сецкани листови од нане. Добар апетит!