Шик очила според обликот на вашето лице

3 ноември, 20110
naocari

Очилата повеќе не се пречка, туку важен моден детал и предност при запознавање на спротивниот пол. Според истражувањата, луѓето ги привлекува „интелектуалниот изглед“, било да станува збор за жени или мажи.

Познати личности кои се одговорни за револуцијата во прифаќањето на очилата како шик моден додаток се Џулија Робертс, Скарлет Јохансон, Никол Кидман и Даниел Редклиф. Затоа, секоја десетта личност носи очила, без оглед дали тие им се потребни или не, бидејќи тие се значаен дел од нивниот имиџ и им ја зголемуваат самодовербата. Истражувањата покажаа дека 53% од жените кои носат очила (на возраст од 18 до 44 години) сметаат дека токму поради очилата имаат поголем успех во љубовта и будат поголем интерес кај спротивниот пол.

Па, какви очила да изберете? Експертите советуваат дека најдобар избор се очила кои одговараат со формата на вашето лице.

Овално лице: Оваа форма се смета за идеална бидејќи подразбира балансирани пропорции. За луѓето со овално лице е најлесно да се избере соодветна рамка бидејќи ним им одговара скоро секој стил на рамки: погодна: кружни, овални, правоаголни или „мачка“.

Тркалезно лице: Луѓето со тркалезно лице треба да изберат рамки кои визуелно ќе го издолжат нивниот лик. Изберете правоаголни очила за сонце кои се впечатливи и имаат невообичаен дизајн и го нагласуваат горниот дел од лицето.

Коцкастолице: Овој тип на луѓе имаат изразена силна вилица и широко чело. За нив се потребни рамки кои ќе ги ублажат острите агли на нивното лице, како на пример „ленонки’ или пак рамки во широка овална форма.

Триаголнесто лице: Овој тип на луше има високо поставени јаболчници, длабоко чело и брадата со силно дефинирани линија. За ова форма на лице изберете големи рамки во овална или кружна форма.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi