Како боите влијаат на вашето расположение?

3 ноември, 20110
PHA-GARDEN C ARCH 02

Различните нијанси во домот во голема мера влијаат на атмосферата, бидејќи можат да го подобрат расположението или да ја разбудат меланхолијата. Кога ги избирате боите за ѕидовите, завесите, тапетите, мебелот, треба да знаете и како ќе влијае на луѓето кои ќе живеат тука.

– Црвените тонови даваат енергија, но и агресивност, затоа не е добро да доминираат во домот. Во помала мера имаат позитивно влијание во дневната и работната соба, а никако не се препорачува во кујната бидејќи го зголемува апетитот ниту во спалната соба, бидејќи предизвикува несоница.

– Жолтата боја има ефект на сонце во домот, позитивно влијае на расположението и буди енергија. Светлите тонови се препорачуваат за сите простории, додека темните нијанси на жолта боја, може да бидат тешки, а особено би требало да се избегнуваат во работниот простор, бидејќи успиваат и ја пореметуваат концентрацијата.

– Зелената е ладна боја и е во потполна спротивност од црвената. Допринесува хармонија во амбиентот, опушта и го ублажува стресот. Најпозитивно делува во дневната соба, терпезарија, работната и детската соба. Маслинесто зелената буди меланхолија и мачнина.

– Сината боја има смирувачко дејство, бидејќи носи освежувачка енергија од морето и небото. Светли и темни тонови на сината боја  делуваат стимулирачки на мозокот и ја ублажуваат несоницата, па затоа се идеални за спалната соба.

– Виолетовата боја секогаш допринесува за добра атмосфера, ефектна е во дневната соба, но би требало да ја избегнувате во спалната, детската и работната соба, кујната и бањата, бидејќи може да предизвика вознемиреност.

– Портокаловата боја е како виолетовата, одлична е за дневната соба, бидејќи ви дава енергија, но негативно влијае во спалната соба, детската и кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi