Ослободете се од првутот со помош на домашни рецепти

popara4 ноември, 20111min00
prvut

Доколку не ви се допаѓа употребата на производи наменети за нега на коса кои се полни со хемикалии и сакате природен начин да се ослободите од првутот, ви препрачуваме неколку „домашни рецепти“ кои ќе ви дадат одлични резултати.

Кисело млеко: Киселото млеко е одличен адут во борбата со првутот. Нанесете кисело млеко на скалпот 15 минути пред бањање.

Сок од лимон: Истријте го скалпот со сок од лимон откако ќе ја измиете косата со шампон, па добро исплакнете. Сокот од лимон е добар лек против првутот предизвикан од мрсната кожа.

Цвекло: Сварете 2 цвекла во вода. Масирајте го скалпот со водата секоја вечер пред спиење. Вашата коса ќе стане сјајна и здрава, иако можно е да имате дамки од цвеклото на перницата.

Оцет: Помешајте 50 мл. оцет и 50 мл. вода. Од овој лосион втријте го врз скалпот со памукче. Повторувајте ја постапката барем дба пати неделно.

Камилица: Сварете чај од камилица и оставете го да се излади. Откако ќе ја измиете косата, исплакнете ја со чајот од камилица, кој го спречува пукањето на врвовите и помага во борбата против првутот.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag