Дали сте знаеле дека мажите се поромантични од жените? Прочитајте зошто:))

popara4 ноември, 20111min00
1

Обратно на општо прифатеното мислење, дека жените се поромантичниот пол, анкетата тврди дека мажите се поромантичниот пол. Ви се верува ли? Ајде да погледнеме какво објаснување даваат научничите за овој факт.

Резултатите од најновата анкета откриваат дека претставниците на посилниот пол први ги изговараат маѓичните зборови „ те сакам“ но и побрзо се вљубуваат во партнерката. Според проектот на државниот универзитет во Пенсилванија на мажите им се неопходни само неколку седмици за да се вљубат, а на жените им се потребни барем два месеца.

Резултатите од анкетата исто така покажуваат дека жените се повнимателни од мажите, кога треба да изговорат романтични зборови, вели психологот Мариса Харисон.

Но таму кај што има љубов, има и страст. Сексуалната желба е и една од причините поради која мажите по брзо се вљубуваат. Повеќето од нив после неколку седмици сакаат секс, додека жените сакаат да помине малку повеќе време. „Можеби мажите се вљубуваат побрзо зошто љубовта се изедначува со сексуалната желба. За ова прашање сигурно може уште многу да се дискутира,“ уточнува професор Харисон.