Шест нови раси на кучиња ќе бидат изложени на Националната Изложба на кучиња 2011 презентирана од Purina. Погледнете ги…
Планинското куче „ Entlebucher“
Оваа нова раса доаѓа од Швајцарија како овчарско куче од Алпите. Она што се знае за оваа раса станува збор за многу енергични и работливи кучиња со средна големина, компактни и со силни мускули. Обично крзното им е во три бои и спаѓаат во категорија овчарски кучиња.
Норвешки Лундехунд (Norwegian Lundehund)
Ова е уникатна раса на кучиња која има шест прсти и првично била одгледувана како птичар.
Овие кучиња се разиграни и лојални, со густо црвениЁкаво – кафено крзно.
Xolo
Правилното име му е Xoloitzcuintli, но ретко кој може правилно да го изговори, па затоа скратено го викаат Xolo. Оваа античка централно американска раса за древните Ацтеки била света и дека истерувала лоши духови. Ова куче е одличен придружник кој бара малку вежбање и малку напори за одржување.
American English Coonhound
Оваа раса е одгледувана за опстанок на суров терен. Овој „атлет“ е познат по неговата брзина и истрајност. Ова е куче на кое му е потребно многу вежбање за да остане здраво и среќно. Спаѓа во групата на ловџиски кучиња и е многу пријатно и добро се сложува со луѓе и други кучиња.
Cesky Terrier
Cesky Terrier бил одгледуван за лов во пакт. Како една од Националните Чешки раси, оваа раса е по смирена отколку останатите видови териери.
Finnish Lapphund
Финскиот лапунд има двојно крзно кое е најчесто се во црна, кафена или кремаста нијанса. Ова овчарско куче кое е одгледувано за чување на крдата ирваси има пријателски карактер и е одличен придружник.