Бројни корисници се жалат на краткото траење на батеријата на новиот iPhone 4S.
Поединечни корисници тврдат дека батеријата им се празни и до 15% секој час, дури и кога не го користат телефонот. Корисниците кои го инсталирале новиот оперативен систем iOS 5 на постарите модели, исто така се жалат на проблеми.
Во изјавата која ја дадоа за All Things D, Apple призна дека некои корисници имаат проблеми со батеријата, но од компанијата ветија дека проблемот ќе се реши многу брзо, и тоа преку издавање на софтверски update.
„Пронајдовме неколку багови кои делуваат на траењето на батеријата и за неколку недели ќе објавиме ажуриран софтвер”, се наведува во соопштението од Apple.
Инаку iPhone 4S има вградена литиум-јонска батерија која може да се полни. Се претпоставуваше дека батеријата ќе осигура осум часа 3G разговори (14 саати 2G) со време на чекање (stand by) до дури 200 часа. Некои ја криват услугата iCloud, додека другите советуваат на исклучување на опцијата „Notifications” – за телефонот во stand by да може да остане во функција до 200 часа.
Блогерот Оливер Хаслам напишал дека го решил проблемот така што ја исклучил функцијата за временски зони.
Рекол дека во некои случаи оперативниот систем непрестано ја следи локацијата за да ја намести временската зона.
„Тоа исклучување може да значи дека iPhone нема да постави временска зона кога патувате, но тоа е мала цена која ја плаќате, бидејќи батеријата ќе ви трае повеќе од 12 часа”, стои во блогот на Хаслам.
Кога iPhone 4S беше преставен во октомври оваа година, Тим Кук, претседателот на Apple, вети значајно подобрување во траењето на батеријата.