Чекаат бебе, а дознале дека се брати и сестра! :(

popara4 ноември, 20111min00
111398

Еден пар од Јужноафриканската Република кои неодамна решиле да се венчаат и чекаат бебе, биле шокирани кога дознале дека се брат и сестра.

Двојката се запознала на факултет, а минатата недела решиле да се запознаат со своите родители пред  да се венчаат. На средната со родителите тие откриле дека се брат и сестра и дека биле разделени уште како мали деца, веднаш по разводот на родителите.

Родителите на парот се развеле кога девојчето имало 8 месеци, а момчето само 2 години. Таткото ја оставил мајката, бидејќи таа го изневерувала, па се решиле по разводот мајката да се грижи за девојчето, а мажот за синот.

Иако и двајцата живееле во ист град, Nelspruit, парот се немал видено додека не почнале да студираат нист факултет.

Љубовта на прв поглед започнала кон крајот на 2007 година, а од тогаш тие биле неразделни.

„Кога прв пат се сретнавме, веднаш се вљубивме еден во друг. Сакавме да имаме свое семејство и многу деца. Очајни сме после ова“, изјавила девојката.

По ова шокантно сознание нивната љубов завршила и тие одлучиле да се разделат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag