
Луксузните Anantara Резорти годинава ги отворија Anantara Kihavah Вилите на убавите Малдиви. Лоцирани на Baa Atoll, само на 35 минути од морската ширина од Интернационалниот Аеродром „Male“.
Можете да го почувствувате утринското сонце како се капи во кристалната вода на отсечената лагуна. Вашите попладниња поминати во сончање покрај вашиот приватен базен само неколку чекори оддалечен од Индискиот Океан. Вечерите можете да се шетате по меките бели плажи, додека месечината прави сенки на песокот. Ноќи поминати во фантазирање на звукот од брановите на вилата која е изградена врз водата. Замислете го животот на луксузен напуштен остров – остров на палми кои се нишаат и бесконечен хоризонт на плаветнило.
Рај од вили на вода, Anantara Kihavah Вилите на Малдивите нудат најдоброто во приватност и луксуз, ваше сопствено светилиште во светилиштето. Простор кој се шири кон брилијантната тропска природа, со приватни базени, високи покриви, ентериери во дрво и мермерни подови. Вкусови на кулинарска уметност и вино сервирано во среде панорама на водениот живот и винскиот подрум. Луксузниот резорт се состои од 74 вили со една спална соба и два апартмани со по две спални соби.
Уживајте во идиличните залези на сонцето од вашата лежалка или додека вечерате покрај базенот. Нуркајте во кристално-чистата вода или пловете по нејзината површина во приватен брод. Поминете го денот подмладувајќи се во Anantara Spa. Откријте го новото значење на рај и луксузот во незаборавниот резорт на Малдивите.








