Јелена Карлеуша поставила на Фејсбук фотографија од авионот, откако слетала во Цирих и ги информирала фановите да не му обрнуваат внимание на “психото”, кој седел позади неа, мислејќи на човекот кој случајно залутал во кадарот.
Нејзиниот коментар и фотографија предизвикале голем број на реакции и коментари на нејзиниот профил. Некои и се восхитувале на пејачката, но имало и некои кои не и оделе во прилог. Фановите пишувале дека е убава, најубава и дека секогаш пријатно изненадува, а меѓу оние другите се нашол и еден коментар на кој виртуелниот пријател и порачал: ” За голема среќа, многу е лесно да ги коментирате другите, а да не се видите себеси”