Мачка пропешачела 3200 километри и се вратила дома :)

popara8 ноември, 20111min00
11

Џеси, мачката од Австралија, успеала да изоди 3200 километри и да се врати во својот стар дом, откако се преселила во март минатата година, пренесуваат локалните медиуми.

„Овде бевме неколку недели и мислевме дека Џеси се навикнала во  новиот дом, но таа исчезна“, изјавила сопственичката на мачката Шери Гејл (31).

По повеќе од една година, новите станари во стариот дом на Шери во јужниот дел од земјата, пронашле непозната возрасна мачка пред својата врата.

„Ја фотографирав мачката и ја испратив сликата на Шери, а таа ми потврди дека тоа е Џеси“, изјавила Џејн Хамби, која сега се грижи за Џеси.

Шери објаснила дека кога се преселила со сопругот во Бери Спрингс, таа и нејзиниот маж ја земале само Џеси, а другите две мачки ги оставиле на новите станари.

Шери додала нејзината миленичка несакала да се вози во автомобил, па затоа мисли дека пешачела за да се врати својот стар дом, но верува дека сега е среќна заедно со другите две мачки.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag