Белата куќа се изјасни: Вонземјани не постојат! :)

popara8 ноември, 20111min00
alien

Белата куќа  соопштила дека не постојат никакви докази дека вонземјаните навистина постојат.

Соопштението е реакција на петициите кои пристигнувале на веб сајтот на Белата куќа и на кои по правило, административните работници мораат да одговорат, доколку доволен број на луѓе се потпишат и бараат одговор на исто прашање.

Во овој случај, повеќе од 5000 луѓе се потпишале на петицијата во која бараат од Белата куќа да ги обелодени доказите и документите за сознанијата поврзани со вонземјаните, додека повече од 12.000 луѓе се потпишале на петицијата во која бараат официјално признание дека вонземјаните постојат и дека ги контактираат луѓето.

Официјалниот претставник на Белата куќа, од одделот за наука и технологија, Фил Ларсон одговорил на овие петиции, кажувајќи дека владата нема докази дека постои живот надвор од Земјата или дека вонземјаните контактирале било кој припадник на човековата раса.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag