Страшно…Анорексична мајка послаба од својата седум годишна ќерка!

popara9 ноември, 20111min00
an

Ребека Џонс од Манчестер, Велика Британија, работи како секретарка во еден медицински центар, а преживува од супи, тостови и енергетски пијалоци. Докторите ја предупредиле дека недостатокот на хранливи материи може да ја убие. Истовремено, Ребека ја поддржува ќерката да јаде чоколади и торти.

„Носам иста гардероба како мојата ќерка, тоа ми дава некое чудно чувство на гордост. Знам дека сето тоа е погрешно, но јас се чувствувам добро. Воопшто не мислам дека сум преслаба, секогаш мислев дека сум малку подебела“, изјавила Џонс.

Нејзиното нарушување во исхрана започнало кога нејзините родители се развеле, а таа имала само 11 години.

„На 13 години, едноставно престанав да јадам. Откако изгубив многу килограми сите мои пријатели го фалеа мојот изглед“, рекла Ребека. Додала дека била среќна.

Со таткото на нејзината ќерка се запознала за време на студиите и на 19 години останала бремена. Докторите и нејзиното момче ја терале да јаде нормална храна и во нормални количини, но нејзиниот стомак тоа го одбивал. За време на бременоста добила само три килограми, а ќерката Мејси се родила како здраво девојче.

Ребека и објаснила на својата ќерка дека боледува од нарушување во исхраната, но дека таа треба нормално да јаде. Неодамна таа повторно добила предупредување од докторите, дека доколу не ги промени навиките има ризик да заболат нејзините мускули и да неможе да се движи.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag