Фотографии кои покажуваат зашто Мерлин Монро го полуде светот.

popara9 ноември, 20111min00
0

Постојат повеќе книги за Мерлин Монро отколку за било која друга жена во историјата. Најновата книга на америчката икона има досега необјавени фотографии од периодот од 1942 до 1962 година. Мерлин позирала за најпознатите фотографи во тоа време и никого од нив не одбила.

Причината за нејзината фотогеничност се нејзината огромна моќ за трансформација и нејзината харизма. Она секако била и многу убава жена, но не била традиционална убавица. Немала долг и изјвајан врат, ниту совршена симетрија, а уште помалку совршени црти на лицето. Нејзината убавина била суптилна.

Мерлин сакала да користи друг вид на шминка и да ги истакнува своите атрибути, а да го прикрие тоа што не и се допаѓало. Многу фотографи од тој период велат дека биле прилично малодушни кога ја запознале, но набрзо го менувале своето мислење кога таа ќе застанела пред објективот.

Причината што Мерлин се уште не фасцинира, скоро половина век после нејзината смрт, се нејзините филмови и илјадниците преубави фотографии кои останале.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag