ВИДЕО: Каква ѕверка се крие под површината?

popara10 ноември, 20111min00
0107007.48

Канадското езеро Оканган наводно е дом на морското чудовиште Огопого кое изникнува од водата и целото подрачје го прекрива со мистерија.

За сега, многумина се обиделе да го докажат постоењето на морското чудовиште, но тоа се покажало како голем предизвик. Тоа е така поради тоа што снимките на кои наводно се наоѓа Огопого се од лош квалитет.

Иронично, во времето кога скоро секој мобилен има квалитетна камера, ретко кој ќе се сети необичните и изненадувачките појави да ги сними со мобилен. Поголемиот број на луѓе кои се наоѓаат во вистинско место и во вистинско време, очигледно се носталгичари па со себе имаат стари камери.

Авторот на снимката е горд Канаѓанец кој живее во близината на езерото Оканаган, кој одлучил со нас да го сподели морското чудовиште кое го обиколува неговото „соседство”.

Иако настанот го снимил со релативно квалитетна камера, за жал се снимил од голема одалеченост, па повторно немаме конкретен доказ за постоење на чудовиште. Но, во овој случај ќе му веруваме на авторот и неговото усмено објаснување, а снимката може да ја погледнете овде:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma