Учесниците во регионалниот Голем брат конечно ќе отпатуваат во Прага, како дел од наградата која ја дибиле по завршување на реалното шоу, пишува српскиот печат. Хорват Чагаљ(33) открил дека ќе отпатуваат следната недела.
Конечно одиме во Прага. Речиси сите. Одат Немеш и Маријана, Никола, Лестер и Џорџ. Само Сораја и Дуле се уште не потврдиле, изјавил Хорват, и открил дека со Душко наскоро ќе сними забавна емисија.
Откако го напушти Големиот брат, Хорват постојано се забавува. Минатата недела се забавувал со Маријана во ноќен клуб во Сплит, а оваа среда бил отворањето на еден клуб во Загреб, каде што се дружел со манекенки и водителки. Не крие дека сака многу да се забавува и открил дека му недостасува Лондон кој има извонредни ноќни клубови.