Тридневната нискокалорична диета на Алисија Силверстоун е многу популарна. Таа се одликува со силно ограничување на мастите и јаглехидратите.
1 ден
Доручек- 170 мл свеж сок од грејпфрут, чаша грубо смелени овесни јатки со млеко од соја.
Ручек- 170гр свеж или варен зеленчук, пола чаша варен грав но без сол.
Вечера- 115 гр тофу, запечено со грашок и печурки, 2 чаши сварен на пареа ориз.
2 ден
Доручек- Две палачинки со јагоди
Ручек- Зеленчук обарен на пареа, варена пченка и порција овошна салата.
Вечера- Две мали парчиња пица со сирење и порција свежа зелена салата.
3 ден
Доручек- Две парчиња диетален леб намачкани со крем сирење.
Ручек- Порција обарен зеленчук на пареа и парче ржан леб.
Вечера- Две големи пиперки наполнати со ориз и пченка и мала порција варени брокули.
Ако во текот на денот сте многу гладна и едноставно нешто ви се јаде, тогаш за да не ја нарушувате диетата, а да го задоволите гладот дозволено е да се консумира чаша кисело млеко, мала порција јагоди или свежо исцеден сок од портокал.