Една од напосакуваните Британки е наводно повторно сингл, нешто што нејзините обожаватели со нетрпение чекаат да го слушнат. Според странските медиуми, Пипа Мидлтон ја прекинала врската со Алекс Лоудон. Убавата сестра на Кејт Мидлтон раскинала со Алекс на почетокот на летото, но набргу повторно се смириле, но сега врската наишла на ненадминливи препреки.
“Пипа сакала да се утеши после раскинувањето, па одлучила да го помине викендот со Кејт и Вилијам во Балморал. Пипа и Алекс кратко ја преќинале врската на почеток на летово, но овој пат дефинитивно е готово. Воопшто не разговараат. Се шпекулира дека Алекс бил љубоморен поради наводнот флертување на Пипа со принцот Хари, но Пипа и Хари се само добри пријатели”, изјавил еден пријател на Пипа. Пипа се уште не ги коментирала вестите за раскинувањето.