Куба следејќи го примерот на Шведска во борба против проституцијата, со тоа што ќе ги казнува клиентите, а не проститутките, изјавила сексологот Мариела Кастро (49), ќерка на кубанскиот претседател Раул Кастро.
“Шветска има направено одлична работа и Кубанскиот национален центар за сексуално образование (CENESEX) би сакал да го ископира ова шветското искуство”, изјавила Мариела.
Мариела го дала ова интервју по патувањето во Холандија каде во Амстердам го посетила познатото соседство “црвено светло”.
Ќерката на Раул, која се наоѓа на чело на CENESEX, смета дека “холандското искуство не може да се пренесе” на Куба, но Куба може да “дискутира околу примената на шветскиот пристап кој од 1999 година ги казнува клиентите, а не проститутките”.
Мариела Кастро најавила дека шестиот кубански конгрес за сексуалното образование, сексуална терапија и сексуална ориентација ќе се одржи во јануари, за време на Конвенцијата на Комунистичката партија.
Според официјалната статискика, пред кубанската револуција 1959 година, во Куба имало околу 100.000 проститутки.
Проституцијата повторно се појавила со тешката економска криза која ја погоди Куба по колапсот на Советскиот Сојуз.