Едно новороденче во Нигерија веќе три години се наоѓа на владин платен список и добива плата од 150 долари месечно.
Обвинител на нигериската држава Зимфара, Гарба Гаџа во изјавата за АП вели дека детето е еден од многубројните работници кои постојат само на хартија, т.е. добиваат плата за фиктивна работа.
“Вработеното“ бебе е старо само еден месец, но нејзиниот татко започнал да го подига нејзиниот прихот уште пред раѓањето.
Гаџа објаснува дека државата се обидува да го запре овој тренд во кој државните службеници даваат фиктивни вработувања на членовите од семејството за да ги зголемат своите приходи.
Корупцијата во Нигерија се шири во сите сфери на животот, од највисоките кругови во политиката до сообраќајните полицајци кои редовно бараат мито од возачите.