Како да го заведете и задржите?

popara13 ноември, 20111min00
ljubov i seks

Психологот Пем Спур ви нуди неколку начини, кои ќе ви помогнат да го зграбите и да го задржите неговото внимание, а притоа да не изгледате очајно.

Вашиот речник

Кога сте во негова близина, вашите зборови се клучни за тој да помине повеќе време со вас. Истово е познато како вербална привлечност, која резултира со тоа екстремно да му се допаднете, а тој воопшто да не е свесен зошто е тоа така.

Бирање зборови

Кога сте во негова близина, користете  дискурси како „Супер што те гледам повторно“, или пак, „Ова е прекрасно место“. Овие зборови директно патуваат до неговата потсвест, така што нема точно да знае зошто се чувствува толку прекрасно кога е во ваша близина.

Тонот на гласот

Освен бирањето зборови, важен е и тонот со кој зборувате. Многу жени не се свесни дека женскиот глас може да биде неверојатно привлечен. Се разбира не секој. Истражувањата покажуваат дека машките преферираат мек, бавен и длабок глас, кој пак жените можат да го остварат доколку потивко ги изустуваат зборовите. Тоа е оној сензуален глас, кој знае суптилно да заведува. Нему повторно нема да му биде јасно зошто е толку привлечен од вас, сепак ќе биде и повеќе од свесен дека обожува да ве слуша кога зборувате.

Преокупирајте ги неговите мисли

Ако сакате да заведете успешно и засекогаш, мора да му го привлечете вниманието. Тој мора да се концентрира само на вас и никој друг. Што значи, не договарајте средби во клубови, туку на мирни места. Особено на почетокот на вашата врска. Бирајте тивки и пријатно осветлени места. Тој мора да е маѓепсан од вас.

Љубовна храна

Жена која има добар апетит на првите состаноци е навистина реткост. Парцијално заради впечатокот кој сака да го остави, парцијално затоа што е нервозна. Поголемиот дел од жените ја играат храната со вилушката и воопшто не јадат. За да му пратите силна потсвесна сексуална порака, јадете страсно, за да помисли дека сте незаситна и во кревет. Веќе е познато дека храната и сексот се поврзани.

 

Одредена доза таинственост

Му се допаѓа што кожата ви е толку глатка и прекрасно мириса. Сепак, не значи дека треба да му откриете што сѐ сте направиле за да изгледате така. Не зборувајте му никогаш за козметичките третмани, за кои тој и не сака да знае. Продолжете да го негувате вашето тело, меѓутоа насамо.

Не бидете премногу достапни

Сте биле на неколку состаноци. Уживате еден во друг и сакате да бидете 24/7 заедно. Сепак, немојте. Убаво е да сте оддалечени еден од друг, особено во првите месеци. Ако не сте секогаш достапни за него, желбата да ве види се повеќе и повеќе ќе расте кај него. Контролирајте се да не се гледате толку често, а за сметка на тоа излегувајте со пријателките. Неговата желба да ве види само ќе продолжи да расте се повеќе и повеќе.

Покажете му ја својата „машка страна“

Се подразбира дека машките сакаат да бидете женствени, негувани и убави. Сакаат кога сте женствено облечени и кога така се однесувате. Сепак, покажете му и повеќе од тоа. Покажете му дека не ви е непознто да се впуштите и во „машки потфати“, затоа што токму заради тоа тој ќе се воодушеви од вас. Помогнете му кога бојадисува, на пример. Верувајте, тоа ќе му биде попривлечно, отколку да вриштите дека не можете да му помогнете затоа што ќе си ги уништите ноктите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag