Винскиот Хотел во Мадеира,Португалија е еден од поубавите луксузни хотели направени во категоријата на 5 ѕвезди. Главниот концепт во создавањето на овој хотел е да се задоволат пикантните потреби на консументите на виното и да им се овозможи дополнително уживање во корелација со виното.
По влегувањето во фоајето, гостите ќе бидат обземени од страна на сеопфатната тема и дизајн на хотелот а тоа е виното Мадеира. Ова се рефлектира во секој мал детаљ и сегмент од хотелот -почнувајќи од приземното ниво и дизајнот со асоцијации на лозја, продолжувајќи преку Винотерапијата и одделот за Спа третмани базирани на филозофијата на Винотерапијата и гастрономскиот ресторан Ува,кој служи како вкусна француска фузија на кујна и одлични вина од Мадеира.
Елеганција со оригинален стил во контекст на пријатната атмосфера, наменет за потребите на секој гастроном во текот на цела година. Сива, зелена, пурпурна и кафеава се боите кои доминираат во хотелот, како претставници на четирите различни сезони и созревањето на грозјето во текот на годината. Секој кат е дизајниран во различна боја: На 2-от кат е зелената за пролет, на 3-от кат е пурпурна за лето, на 4 кат е сива за зимата а 5-от кат се манифестира во кафена боја, претставувајќи ја есента.