Сосема е нормално и природно луѓето да чувствуваат љубомора од време на време. Но, доколку тоа се случува секојдневно во вашиот живот и почнува да ви штети во однос со вашиот партнер, тогаш веќе имате право да паничите!
Љубомората е карактеристика на љубовните врски во кои партнерите не си веруваат или не се почитуваат еден со друг. Љубомората е непознато чувство за здравите и среќни парови. Љубомората не е проблем што лесно се решава и бара ногу труд и посветеност за надминување. Сепак, со добра волја од обете страни, проблемот со љубомората може да се „санира“.
“Љубомората не треба да се игнорира. Со неа треба директно да се справите и да ја решите на начин кој нема да предизвика незадоволство кое може да ја уништи љубовта. Ако љубомората не е заснована на факти и произлегува од други причини, тогаш потребна е терапија. Со добра терапија љубомората може да се „излечи“, вели Тина Б. Тичино, психотерапевт и автор на “Пари, секс и деца: престане да се борите за трите работи кои може да го уништат вашиот брак”.
Љубомора се јавува кога некој се чувствува несигурно или загрозено. Така, едниот партнер може да се плаши од губење на љубовната врска или пак од губење на интерес кај другиот партнер.
Еве неколку насоки предложени од Тичино кои може да ги користите за надминување на љубомората во врската:
Осигурајте се дека вие и вашиот партнер се чувствувате удобно во вашата врска. Разговарајте за можноста дека еден или можеби дури и двајвата од вас сте љубоморни. Направете некои договори за тоа како се однесувате, и бидете сигурни дека сте подготвени да ги почитувате.
Обидете се меѓусебно да се информирате. Прекорете на вашиот партнер доколку го прекршил договорот предизвикува повеќе штета отколку само прекршување на договорот. Ако направил грешка ислушајте го тивко без обвинување или лутина, бидејќи секој има право да згреши. Ако состојбата со љубомора се влошува, треба да најдете советник кој ќе ви помогне да се реши проблемот.
Трпението и комуникација се вашите најдобри сојузници. Дозволете да изградите меѓусебна доверба. Како довербата расте, ќе се зголемуваат и границите на флексибилноста и слободата.
Не заборавајте ја нежноста. Не се лути со на тоа што партнерите се љубоморни, туку обидете се заедно да работите на решавање на проблемот од каде потенува љубомората.